5. Кои се начелата на заштита на лични податоци?
Вработените кои вршат обработка на Вашите лични податоци, имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, и тоа:
Законит, правичен и транспарентен начин на обработка на личните податоци
Личните податоци на купувачите на ладно оружје се собираат и обработуваат законито, врз основа на Законот за оружјето, а со цел да се овозможи на надлежните органи да ги направат соодветните проверки, а во врска со обврската за пријава на оружјето, заради издавање на потврда за поседување на оружје од Д категорија.
Личните податоци на онлајн купувачите се собираат и обработуваат врз основа на нивна изјава за согласност.
Личните податоци на купувачи по пат на синдикална продажба се собираат и обработуваат врз основа на договор со синдикална организација.
Личните податоци на лицата кои дале согласност за директен маркетинг се собираат и обработуваат врз основа на нивна изјава за согласност.
Ограничување на целта на обработката на личните податоци
Личните податоци на купувачите се обработуваат за цели утврдени со закон, договор или согласност, и не се предмет на натамошна обработка, за цели различни од првично дефинираните. Секоја потреба за нивно натамошно обработување ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на обработката врз приватноста на субјектите на кои тие лични податоци се однесуваат.
Ограничување на обемот на личните податоци
Обработката на личните податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполни целта на обработката.
Точност на личните податоци
Планираме и спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, исправка и/или бришење на неточните или некомплетните лични податоци кои ги обработуваме во извршувањето на нашата дејност. Покрај мерките што ги преземаме, секој купувач има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин. Должни сме да направиме исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за исправка или од денот кога е констатирана неточност на личните податоци или да ги избришеме податоците за кои купувачот барал бришење во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето, ако е исполнет еден од условите за бришење.
Ограничување на роковите на обработка на личните податоци
По изминувањето на роковите односно по исполнување на целта за обработката, личните податоци се бришат од соодветната збирка.
Интегритет и доверливост на личните податоци
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата на кои им е издадено посебно овластување за обработка на лични податоци. Деталниот опис на технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци е прикажан во Политиката со опис на техничките и организациските мерки на информацискиот систем, која е прилог кон Политиката за системот на заштита на личните податоци.
Отчетност
Демонстрираме усогласеноста со сите претходно наведени начела согласно новото начело на отчетност. Имено, обезбедуваме докази и демонстрираме дека се преземени сите потребни мерки за спроведување на начелата во пракса, односно дека имаме капацитет да ги исполниме законските барања.