Регистрација Пријава

Немате продукти во кошничката
Купи

Чизми Ranger GSG9-S Haix

Број на Артикл: 203101
ден 12.900,00
НЕМА НА ЗАЛИХА

Број:

Оцени го Продуктот:

Сподели на социјалните мрежи:

Развивани со командоси за специјални операции и тимови за брза интервенција (SWAT), чизмите Ranger GSG9-S се удобни и универзални, погодни за секаков терен. Имаат дополнителна заштита против бактерии и вируси кои се пренесуваат преку крв или други секрети од телото.

Овие професионални тактички чизми се одличен избор за обезбедување при демонстрации бидејќи делот кај зглобот е посебно зајакнат за да штити од странични удари а материјалот е отпорен на механички оштетувања како на пример пенетрација на распарчено стакло или остри предмети. 

Воздухопропустливиот материјал CROSSTECH® му овозможува на стапалото свежина во текот на целиот ден, но исто така има и антибактериски и антивирусни својства. Нозете ќе останат суви и топли дури и да работите по дожд, снег или кал и нема дополнително да се потат дури и во лето. Додека одите, движењата ја испумпуваат создадената влага кон посебните отвори кај „основата“ и јазикот и со тоа овозможуваат нејзино отстранување.

Надворешен материјал

  • Чизмите HAIX Ranger GSG9-S се направени од високо-квалитетна, водоотпорна кожа од вол со дебелина од 2 mm
  • Специјалните пигменти ги одбиваат сончевите зраци и го спречуваат непотребното презагревање што значи дека помалку топлина се пренесува на нозете
  • Страничните гумени ленти обезбедуваат дополнителна стабилност, додека високо-квалитетните куки осигуруваат врвките да лежат совршено дури и под притисок

Внатрешен материјал

  • Трослојната  CROSSTECH® мембрана не дозволува навлегување на течност во чизмата но во исто време спречува непотребно потење
  • Брзо-сушечка и анатомска EVA  внатрешност овозможува удобност и ефикасно ја абсорбира потта. По желба може да се извади и испере
  • Делот кај зглобот на Ranger GSG9-S е добро поставен и пружа заштита од странични удари и убоди

Ѓон

  • Ѓонови на HAIX Ranger GSG9-S се посебна комбинација на гума и PU пена. Ова значи дека освен тоа што ѓонот е особено издржлив, исто така е и многу лесен што е особено важно за војската и специјалните единици. 
  • Црниот ѓон на Ranger GSG9-S е антистатички и не остава црни траги дури ни на светли површини
  • Совршена заштита од топло и ладно, отпорен на пенетрација од било каков остар објект
  • Робусна површина која не дозволува лизгање на било каков терен

Начин на испорака
Camouflage.mk ги испорачува своите продукти на територијата на републиката со помош на доставната компанија Карго Експрес.

Што е вклучено во испораката
Во испораката се вклучени нарачаните продукти, фактура и гаранција за продуктите (доколку продуктите имаат гаранција)

Рок за испорака
За целата земја рокот на испорака е 48 часа по потврдувањето на вашата нарачка, односно зависи од рокот за испорака на фирмата-соработник.

Цени за испорака
Camouflage.mk обезбедува бесплатна испорака на своите клиенти за порачки во вредност поголема од 3.000 денари. 

За порачки под наведениот износ, цената пo испорака се движи од 60 до 110 денари a во зависност од тежината и волуменот на пратката.

За подетални информации во врска со цената на испораката на вашата пратка, кликнете овде http://kargoekspres.mk/uslugi/

Испораката е ограничена на територијата на Република Македонија.

Наскоро...

Продавницата Camouflage.mk има цел да одговори на вашите потреби, а затоа Ве молиме доколку имате потреба од замена или корекција на некој нарачан продукт, да нè контактирате за да можеме да ви го доставиме бараниот продукт.

Можете да контактирате со нас преку телефон или преку e-mail.

Назад кон сите продукти