Регистрација Пријава

Немате продукти во кошничката
Купи

Чизми KSK 3000 Haix

Број на Артикл: 214004
ден 12.900,00
НЕМА НА ЗАЛИХА

Број:

Оцени го Продуктот:

Сподели на социјалните мрежи:

Чизмата KSK 3000 е удобна универзална чизма погодна за секаков терен. Без оглед дали се користи за пешачење по планини или на должност, чизмата овозможува стабилен чекор и максимална заштита против топлина, студ и влага. Овие чизми се особено наменети за специјалните единици и војската не само заради комплетната заштита која ја нудат туку и заради нелизгачкиот ѓон кој е посебно дизајниран за да ги ублажи ударите кога се оди по карпест терен и терен со остри камења. Исто така, посебниот дизајн го олеснува долготрајното движење со тоа што помага за рамномерно распоредување на притисокот така што ги заштитува колената и зглобовите и овозможува правилно држење на кичмата.

Воздухопропустливиот материјал GORE-TEX® му овозможува на стапалото свежина во текот на целиот ден. Нозете ќе останат суви и топли дури и да работите по дожд, снег или кал и нема дополнително да се потат дури и во лето. Додека одите, движењата ја испумпуваат создадената влага кон посебните отвори кај „основата“ и јазикот и со тоа овозможуваат нејзино отстранување.

Надворешен материјал

  • Чизмите HAIX KSK 3000 се направени од високо-квалитетна кожа од бик. Материјалот е водоотпорен, воздухопропустлив и посебно стабилен
  • Специјалните пигменти ги одбиваат сончевите зраци и го спречуваат непотребното презагревање што значи дека помалку топлина се пренесува на нозете
  • Страничните гумени ленти обезбедуваат дополнителна стабилност, додека високо-квалитетните куки осигуруваат врвките да лежат совршено дури и под притисок

Внатрешен материјал

  • Четирислојната GORE-TEX® мембрана не дозволува навлегување на течност во чизмата но во исто време спречува непотребно потење
  • Брзо-сушечка и анатомска внатрешност овозможува удобност и ефикасно ја абсорбира потта. По желба може да се извади и испере

Ѓон

  • Гумените ѓонови на HAIX KSK 3000 се наполнети со PU пена. Ова значи дека освен тоа што ѓонот е особено издржлив, исто така е и многу лесен што е особено важно за војската и специјалните единици. 
  • Црниот ѓон на KSK 3000 е антистатички и не остава црни траги дури ни на светли површини
  • Совршена заштита од топло и ладно
  • Робусна површина која не дозволува лизгање на било каков терен

Начин на испорака
Camouflage.mk ги испорачува своите продукти на територијата на републиката со помош на доставната компанија Карго Експрес.

Што е вклучено во испораката
Во испораката се вклучени нарачаните продукти, фактура и гаранција за продуктите (доколку продуктите имаат гаранција)

Рок за испорака
За целата земја рокот на испорака е 48 часа по потврдувањето на вашата нарачка, односно зависи од рокот за испорака на фирмата-соработник.

Цени за испорака
Camouflage.mk обезбедува бесплатна испорака на своите клиенти за порачки во вредност поголема од 3.000 денари. 

За порачки под наведениот износ, цената пo испорака се движи од 60 до 110 денари a во зависност од тежината и волуменот на пратката.

За подетални информации во врска со цената на испораката на вашата пратка, кликнете овде http://kargoekspres.mk/uslugi/

Испораката е ограничена на територијата на Република Македонија.

Наскоро...

Продавницата Camouflage.mk има цел да одговори на вашите потреби, а затоа Ве молиме доколку имате потреба од замена или корекција на некој нарачан продукт, да нè контактирате за да можеме да ви го доставиме бараниот продукт.

Можете да контактирате со нас преку телефон или преку e-mail.

Назад кон сите продукти